Откако денеска беа објавени ауди-снимки на кои се слуша гласот на Зоран Заев како разговара со непознат соговорник и бара „Сашо“ да ја повлече финансиската инспекција од општината Струмица и да се каже дека не е пронајдено ништо сомнително, со реакција се јави Сашо Мијалков.

„Во објавениот разговор не знам ниту за кој Сашо се мисли, но порталот Инфомакс, кој прв го објави разговорот преземен од останатите, извлекува некаков заклучок и ме инволвира мене без воопшто да се обидат да ги проверат информациите. Подолг период истиот портал се обидува да ме дискредитира со невистини и лажни вести. Од ваквите напади најголема штета трпи ВМРО- ДПМНЕ.

Малкуте медиуми кои се јасно критички настроени кон власта наместо да се насочат кон анализа на пропустите на оваа влада изминативе три години, тие на неколку дена пред избори се посветуваат на пласирање невистини против мене. Погрешна стратегија, која нема да донесе подобар резултат, а треба да се надминат 454. 577 гласови освоени во 2016 со ваква власт“, вели Мијалков.

SHARE