Мијалков од вечерва во домашен притвор

Сашо Мијалков вечерва излегува од затворот Шуто Оризари и ќе оди во домашен притвор, откако судијката Весна Димишкова го прифатила предлогот на СЈО за куќен притвор, дознава НОВА ТВ.

Екс-директорот на УБК, Сашо Мијалков беше во притвор прво поради случајот Таргет-Тврдина, а потоа и поради сомневањето на СЈО дека би можел да избега неколку дена по бегството на Груевски.

Кривичниот суд вчера го врати некомлетниот предлог за Мијалков на доработка во СЈО, поради што тој уште една помина во притврот во „Шутка“.

SHARE

Оставете Коментар