Миладиновци – Штип, единствен европски автопат отворен без свечена церемонија

Автопатот Миладиновци – Штип кој го поврзува Скопје и централна Македонија со истокот на земјата е единствениот автопат и голем сообраќаен проект на Балканот и во Европа кој е отворен без свечена церемонија.

Неговото отворање се случи со штуро соопштение на владата која вообичаено организира скапи свечености за најмали проекти како паркови од 1000 квадратни метри.

Предходно Заев на 17 мај како гостин на српскиот претседател Александар Вучиќ присуствуваше на свеченото отварање на јужниот крак на Коридорот 10 на делницата низ Грделичката клисура во Србија.

На свечената церемонија кај Владичин Хан, Заев одржа и говор.

На 29 мај Заев, заедно со министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, пак како гостин присуствуваше на свеченоста по повод пуштањето во употреба на последната делница од автопатот „Арбен Џафери“, кој го поврзува главниот град на Косово со границата со Република Македонија.

За еден од најголемите инфраструктурни потфати Заев не најде време и сила да организира свеченост и да ги покани другите балкански лидери.

Автопатот во најголем дел беше направен во времето на Никола Груевски додека министер беше Владо Мисајловски актуелен потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Откако голем број граѓани реагираа дека владата не сака да организира прослава за автопатот за да не прави реклама на ВМРО-ДПМНЕ премиерот Заев една недела по отварањето дури вчера преку Твитер се пофали со проектот.

На твитот во кој тој не се заблагодарува никому за изградбата има низа коментари кои откриваат зошто владата не организираше свеченост.