Режисерот Владимир Милчин жестоко реагира на интервјуто на премиерот Зоран Заев за грчката телевизија Алфа, во која претседателот на Владата вели дека „светска, балканска и туѓа историја присвојувавме како своја“.

„Господине Заев, знаете ли нација на глобусов која не присвојувала? Најголемите нации најмногу присвоиле. И територија, и историја. Она што не можеле да го асимилираат, го набркале или го истребиле. Ме вџашува леснотијата со која демонстрирате скудно познавање на историјата и ги навредувате Македонците, кои паметат или знаат колку и кои војски газеле овде и што оставиле зад себе“, напиша некогашниот член на претседателството на СДСМ и извршен директор на „Отворено општество – Македонија“.

SHARE