Владимир Милчин, некогашен прв човек на Фондацијата „Отворено општество“ во Македонија смета дека со Предлог- законот
за управување со природното и културното наследство во Охридскиот Регион кој денеска ќе се најде на дневен ред на собраниската Комисија за култура ќе се овозможи натамошна узурпации и дивоградби во Охрид.

Предлог-законот ќе овозможи натамошни узурпации и дивоградби. Локалните мафиози ќе го злоупотребат Бадентеровото…

Posted by Владимир Милчин on Wednesday, July 10, 2019

Според „Независен“, со новиот закон ќе се формира совет за управување со Охридскиот Регион кој ќе има 15 члена, вклучувајќи претседател именуван од премиерот.

Советот за Охридскиот Регион одлуки ќе носи по Бадинтер, односно ќе одлучува со мнозинство гласови од вкупниот број членови на советот за Охридскиот Регион, при што мора да има мнозинство гласови од вкупниот број членови на советот за Охридскиот Регион кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во државава.

SHARE