Милчин за Захариева и македонското малцинство: Би сакала да го потомори. Ептен „европски“!

Режисерот Владимир Милчин реагира за изјавата на бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева дека „признавањето на бугарските корени го ставаат ад-акта прашањето за македонско малцинство“.

„Пописите во Бугарија покажале дека има. Тоа отвора прашање како ги снемало или како и зошто се намалила бројката. Јас го знам одговорот. Захариева го знае, но не ѝ се бендисува. Би сакала да го потомори. Ептен ‘европски’!“, коментира Милчин, чиј татко Илија во 1947-1948 година бил уметнички раководител и режисер на Обласниот македонски народен театар во Благоевград.

SHARE