Миле Бошњаковски се сели на Водно

„Ми беше задоволство и исклучителна чест во овие две години да соработувам со вас, да и служам, на сите вас, на новинарите, на снимателите па и на граѓаните. Се надевам соработката ќе продолжи и понатаму“ изјави денеска портпаролот на владата Миле Бошњаковски.

Ова му беше последна прес конференција како портпарол на владата.

Тој дефинитивно заминува на Водно каде од вторник ќе работи како генерален секретар во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.

SHARE