Милески: Премиер не може да кажува кој да биде шеф на обвинителството

Граѓанскиот активист и бизнисмен Роберт Милески преку својот Фејсбук профил прашува како е можно премиерот да кажува кој ќе го води обвинителството и порачува власта да стои понастрана.

„Ослободете го правосудството од вашите партиско-извршни канџи! Шеф на обвинителство треба да се избира на интерен конкурс на обвинителството, а за шефот може да гласаат сите обвинители низ Македонија, па кој е најдобар нека победи!-пишува Милевски на Фејсбук.

https://www.facebook.com/mileski/posts/10220206295527007