Милески: СЈО е како паштета со поминат рок од 18 месеци

Бизнисменот и граѓански активист Роберт Милевски вели дека е најавата на Катица Јанева на денешната прес конференција дека ќе бидат отворени 10 нови предмети е бесмислена

„Катица на пресот изјави дека ова и го правеле заради десетте нови истраги кои ќе ги обелоденела за кратко време. Кои нови истраги црна Катице!

Ти и СЈО немате никакво законско право да водите истраги, ниту да покренувате нови обвиненија!

Не смеете ни да трошите државни пари за нови истраги, оти и за нив ќе одговарате!

Вие сте како паштета со поминат рок од 18 месеци, а рокот измина уште средината на 2017-та! А знаеме како смрди ако се обидеме да отвориме расипана паштета со поминат рок! Еве, сите ја осеќаме реата“-напиша Милески на ФБ.

SHARE