Милосављев се прости од РК „Вардар“ и од фановите

Неописливи година дена во мојот живот  во еден од најголемите клубови на светот! Благодарам!

„ВАРДАРЕ во срце ќе те носам“, напиша утрово на ФБ, голманот Дејан Милосављев кој минатото лето во Скопје дојде на „мала врата“, а сега си заминува од раклометниот тим кој по втор пат го освои пехарот на ЛШ, во Келн.

„Благодарам на совршената екипа која многу ми даде и направи за мене за да станам она што сум во моментов! Благодарам на сите луѓе кои направија да се чусвтвувам убаво и дека сум дел од вас!

Шампион на Македонија, Суперкуп на Македонија, првак на СЕХА лигата и европска титула во Лигата на шампионите.

Сонував со отворени очи и ви ја посакувам сета среќа на овој свет! На здравје!“

Милосављев ќе ја продолжи кариерата во германски Фуксе Берлин каде што потпиша пред Ф4 турнир во Келн, пренесе СпортКлуб.

SHARE