Милошоски: Димитров да објасни за неуспехот во Брисел

Согласно чл.6 од Законот за надворешни работи, министерот за надворешни работи има обврска да се обрати пред Комисијата за надворешна политика во Собранието најмалку два пати во годината, објави претседателот на Комисијата Антонио Милошоски.

„После Бриселскиот неуспех за добивање на датумот, кој Димитров и Заев го прославија уште лани, македонските граѓани и нивните претставници во Собранието имаат право да ги чујат објаснувањата на министерот, а тој има обврска да го испочитува Законот. За ова обраќање на Димитров во Собранието очекувам голем интерес и кај пратениците и кај јавноста. А после тоа веројатно и уште една интерпелација за МНР Димитров“, напиша Милошоски на фејсбук.

SHARE