Милошоски го гонат рекетарка и обвинителка што незаконски земала 87 илјади евра

Реакција на пратеникот Антонио Милошоски во врска со рочиштето за случајот “Моќник” кое е одложено за 23 декември.

“Деновиве ги известив и поканив овој предмет да го следат “Коалицијата за правично судење”, Мисијата на ОБСЕ и Мисијата на ЕУ, со цел самите да се уверат дека се работи за арбитререн правно неоснован и политички мотивиран случај.

Обвинителниот акт е компромитиран по два основи, прво истрагата ја почнала специјалната обвинителка Катица Јанва, која се занимавала со рекетирање, а продолжена е од нејзината другарка Фетаи, за која Држ.ревизија утврдила дека незаконски земала надоместок од 87.000 евра од СЈО.

Свесен сум дека дел од обвинителството е под директна контрола на власта и затоа очекувам тие да го користат аргументот на силата, но одбраната со силата на аргументите ќе докаже дека случајот е правно неиздржан и има политичка димензија и цел”, вели Милошоски.

Денешното рочиште беше одложено за 23ти декември заради отсуство на Томе Аџиев кој е позитивен на Ковид19.

SHARE