Пратеникот и поранешен министер за надворешни работи Антонијо Милошоскли на Фејсбук предупредува на непримерниот речник на луѓе блиски на премиерот Заев упатени на адреса на францускиот претседател Емануел Макрон.

„ Заев има еден советник кој лажно се претставува како “човек со врски во кабинетот на Макрон”.

Претходно Заев имал друг советник учесник во Шарената револуција, Ивана Јордановска, која денес објавува вулгарни пораки до претседателот на Франција (“е*и се Мак..н”).
Затоа нека ве се чуди зошто премиерот Заев и покрај сите ургенции во последните неколку месеци не беше удостоен барем со покана за работна посета на Франција и кратка средба со Макрон.
Во најмала рака Министерството за надворешни работи би требало уште денес да се огради од ваквите навреди и говор на омраза и да упати нота на извинување до Париз“!-пишува Милошоски.

SHARE