„(Не)зависни фирми, телевизии и големи пари!?

Денес во Собранието прва точка на дневен ред е спогодбата помеѓу Владата и „Макпетрол“ (приватна фирма) за купопродажба на дел од гасоводот, во кој досега 50 отсто сопственик беше Макпетрол. Инаку медиумот Телма  е 100 отсто сопственост на „Макпетрол“ и важи за силно провладин медиум, кој ги релативизира крупните грешки на Зоан Заев, а опозицијата често не ја ни третира или ја претставува негативно“, реагира денес со соопштение пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски.

Според него, гасоводот е претплатен и од таа зделка ќе страда слободното новинарство.

„Зошто? Можеби затоа што, според ревизорска куќа, гасоводот на кој владата ќе врши откуп чини 36.000.000 евра, а Заев договорил за само 50 отсто од истиот гасовод на „Макпетрол“ (Телма) да му плати 32.000.000 евра. Кој ќе има финансиска и политичка корист од оваа богата зделка, која се прави во матно време и во услови кога арбитражата сеуште трае, кога буџетот, економијата, многу медиуми и многу стопанственици се во тешка криза?Слободата на медиумите сигурно не, порачува Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

SHARE