Милошоски: Лажни вести шират Заев, Османи и Димитров

Пратеникот Антонио Милошоски во „24 Анализа“, вечерва изјави дека најголемите ширачи на лажни вести дека Македонија добила датум за преговори со ЕУ се премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Бујар Османи и министерот Никола Димитров.

„Подготвен сум да дадам оставка ден по поднесување оставка од нивна страна“, рече Милошоски одговарајќи на прашање во врска со неговиот јавно објавен став дека 7 земји членки биле против доделувањето датум за преговори за членство на Македонија во ЕУ, пренесе 1ТВ.

Според Милошоски, МНР има телеграми и дописи од Брисел кои јасно укажуваат кои земји се „за“, а кои „против“ почнувањето преговори. Ако министерот биде доблесен и излезе на ТВ дуел или ги обајви, ги декласифицира тие информации, потенцира Милошоски, на јавноста се ќе и биде појасно.

„Многу ми е жал што лани премиерот Заев манипулираше со македонската јавност дека во јуни имаме сигурен датум. Жал ми е што Македонија го нема добиено датумот што го заслужува од 2009 година кога првпат добивме препорака од Европската комисија за почнување на преговорите, но тогаш имавме се уште нерешен спор со Грција и тоа беше изговорот за блокада од грчката страна“, рече Милошоски.

SHARE