Милошоски: Математика за нова „селотејп“ коалиција

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски оценува дека сегашниот коалициски курцшлус, воопшто не е заради принципите за “селективна правда, мир и законитост” , туку е резултат на борбата внатре во власта кој подолго ќе опстане на власт, и кој поитро ќе го исфрли “ближниот” свој надвор од привилегиите на власта.

Затоа, пишува Милошоски на Фејсбук „не зачудуваат изјавите на претставниците на СДСМ дека размислуваат и за коалициона влада без ДУИ, веројатно според следнава математика:
СДСМ 49 + 2 ГРОМ + 3 БЕСА + 1 Амди + 1 Јусуф Турска + 8 Независни = 64 (со можност да се разговара и со Мендух Тачи за 2 пратеници на ДПА).
Ова е можно бидејќи целта е нова распределба на привилегиите од власта, а не нов заеднички концепт за реформи во државата на овие 64 пратеници.
Можеби за почеток ќе побараат и смена на Талат Џафери од првото столче во Собранието? Опозицијата истата со задоволство ќе ја поддржи.
Но, можеби Зоран Заев, Мухамед Зеќири, Павле Богоевски и Артан Груби само прават театар за народот за да си ја покријат неспособноста на владеењето?!“, пишува Милошоски на ФБ.

SHARE