Милошоски: На Димитров странски амбасадир му кажал за „Рекет“

„Mинистерот за надворешни за скандалот Рекет бил информиран во првото тромесечие од 2019-та, лично од еден нерезидентен амбасадор, претставник на една од поновите членки на ЕУ, чиј близок соработник во Македонија (познат стопанственик) бил исто жртва на изнуда на пари од рекетарско-обвинителската екипа на власта“ – пишува пратеникот Антонио Милошоски на Фејсбук по најавата на Никола Димитров дека ќе тужи еден медиум кој го спомнува во врска со скандалот „Рекет“.

Милошоски прашува дали дали за сознанијата што Димитров ги добил известил некого.

1. Кога министерот Димитров ја добил информација од нерезидентниот амбасадор за мега скандалот Рекет?

2. Дали Димитров сознанијата за „Рекет“ ги споделил со јавното обвинителство или можеби ја информирал Владата на затворена седница?

3. Доколку не го информирал ниту обвинителството, ниту Владата, зошто министерот Димитров одлучил да молчи, да не ги пријави сознанијата за „Рекет“, и да не ја информира јавноста?

Право на министерот Димитров е да си одлучи дали ќе тужи новинари за објава на документи во кои неговото име се споменува во контекст со аферата „Рекет“.

Но, пред да го направи тоа, корисно би било пред обвинителството да даде исказ за конкретните информации кои, во врска со оваа криминално-политичка афера, ги добил од нерезидентниот амбасадор на земја членка на ЕУ во првото тромесечие од годинава“, пишува Милошоски.

SHARE