Владата ги повлече законите за ЈО и за Совет на јавни обвинители што синоќа ги достави до Собрaнието, но потоа повторно доставила два нови закони кои влегоа во собраниска процедура.

Ова вечерва го соопшти претседателот на Собранието Талат Џафери и ја затвори 134-та седница.

Тој за вечерва најави нова седница на чиј дневен ред ќе биде новиот предлог-закон за јавно обвинителство.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски од собраниска говорница рече дека на пратениците им е доставен – фалсификат.

Според Милошоски, пратениците добиле одлука дека законите ги повлекла Владата иако немало владина седница, а дописите биле потпишани само од техничкиот претседател на владата, Оливер Спасовски, со што прави кривично дело.

Милошоски реече дека треба да се повикаат надлежните институции за да спречат ваков фалсификат , за кој што има обид да се донесе набрзина. 

Никој не го спори правото на предлагачот за да повлече предлог закон , треба да се постапува според Деловникот , со нов дневен ред на Владата, потенцира Милошоски. 

Навреда е на интелигенцијата на граѓаните , а особенио на пратениците , доколку Џафери , Дескоска , Заев и Ахмети разговарале за мали технички измени од 9 утрово до 22 часот вечерва, рече Милошоски.