Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија седница на собраниската Комисија за европски прашања, на која се дискутира за тоа што земјата не доби датум за преговори со ЕУ, по обраќањето на пратеникот Антонијо Милошоски:

Милошоски ја покажа фотографијата од вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров, од лани, кога тие се пофалија дека земјава добила датум за почеток на преговори.

Тој рече дека ова што се случува денеска владина забава, односно дека местото за дискусија за неуспехот на владата за евроинтеграциите е Комисијата за надворешни работи.

„Министрите кои ширеа лажни вести сега ќе треба тоа да го објаснат. Дали е постигната целта? Не е постигната. Османи и Димитров ќе зборуваат за одговорноста на странски политичари и за Брегзит и Кина, а не за нивната одговорот. Тие ќе понудат манипулативни објаснувања, ќе се откажат од ланските изјави, но не и од функциите. Ние нема да учествуваме во ваква пародија. Денеска нема да ја расипеме вашата провладина забава, за вистинска дискусија дојдете утре на Комисијата за надворешна политика“, рече Милошоски.

SHARE