Досегашниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на собраниската Комисија за надворешни работи од 2011 година, Антонио Милошоски, од домашна изолација поради позитивниот тест на Ковид-19 на неговата мајка е хоспитализиран на Инфективната клиника поради повеќедневна покачена температура.

„Почитувани пријатели,

Денес околу 16 ч од домашна изолација бев примен на Инфективната клиника, заради повеќедневна покачена температура. Други симптоми немам, дишењето е добро, апетитот и расположението исто така.

Вчерашниот тест покажа негативни резултати на Ковид-19, но по препорака на специјалист од Инфективна клиника, денес направивме уште еден тест, чии резултати се очекуваат во текот на утрешниот ден.

Ве поздравувам сите, а на моето семејство и на медицинскиот персонал им благодарам за поддршката.

Благодарност до сите вас за поздравите и добрите желби за брзо закрепнување.

Се гледаме наскоро, се надевам во добро здравје и со добри вести.

Ваш, Антонио Милошоски“, објави на Фејсбук поранешниот македонски министер за надворешни работи.

SHARE