Милошоски: Што им е поважно на Караџовски, Филипче и Заев?

МНогу реакции на социјалните мрежи по објавувањето на бројката од 58 заразени од корона за последните 24 часа што е најголем број по пауза од еден месец.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски на Твитер објави што им е поважно на д-р Караџовски, на министерот Филипче и на експремиерот Заев во моментов:

„За Д-р Караџовски статистиката стана поважна од струката, за Филипче PR-от стана побитен од пандемијата, за Заев корона-изборите станаа поважни од здравјето на граѓаните. Македонија остана единствена земја во регионот каде ризикот од ковид-19 се зголемува.
Време е за оставка“, пишува Милошоски.

SHARE