Пратеникот Антонио Милошоски со зајадлив коментар по објавата за доделувањето на Нобеловата награда за мир на други двајца, а не на македонскиот премиер Зоран Заев и на неговиот грчки колега Алексис Ципрас.

„За малку“, напиша на „Твитер“ поранешниот шеф на македонската дипломатија и актуелен претседател на собраниската Комисија за надворешни работи.

Добитници на Нобеловата награда за мир за 2018 година се Надја Мурад, која беше киднапирана со други жени од Јазиди во август 2014 година, кога нивното село во северен Ирак било нападнато од џихадисти на ИСИС, заедно со гинекологот од Денис Мукаве од Конго.