Минарето во Охрид доби и купола

На минарето кое се гради на Али пашината џамија во Охрид денеска била поставена покривната конструкција, јавува А1.Он.

Ова доаѓа еден ден по предупредувањето од УНЕСКО дека Охрид како ки регионот можат да бидат ставени на листата на загрозени културни наследства доколку не престане уништувањето на крајбрежјето на Охридско Езеро и доколку не престане бесправната градба на објекти.

Вчера премиерот Зоран Заев најави дијалог меѓу граѓаните на Охрид и ИВЗ околу тоа што да се прави со бесправната градба на минарето против која досега имаше неколку протести од страна на здружението „Совест“.

Граѓанското здружение „Совест“ од почетокот аларм,ираше дека во рамките на наводна реконструкција на Али пашината џамија бесправно се гради и 32 метарско минаре.

Извор: А1.Он.

SHARE