Минатата недела од грип починаа 8 лица

Во текот на изминатата недела, регистрирани се 8 смртни случаи асоцирани со грип, информираше денеска епидемиологот Гордана Кузмановска од Институтот за јавно здравје.

Се работи за 5 лица од Скопје и по едно од Делчево, Охрид и Кавадарци. Возраста на починатите се движи од 12-70 години.

Кај седум лица е утврдена претходна хронична болест/ ко-морбидитет.

SHARE