Минималната плата како социјална помош

Со последното зголемување на 11.700 денари, социјалната помош речиси се изедначи со минималната плата која изнесува 12.000 денари.

„За повеќе од 70 отсто на корисниците на социјална помош зголемувањето е повеќе од 300 отсто или трипати повеќе од тоа што го добиваат сега. Започнуваме темелни реформи во ситемот на социјална и детска заштита. Се зголемува социјална парична помош и воведуваме минимален гарантиран приход. Целта е да се усогласи паричниот надоместок што го дава државата со потребите на граѓаните и да им помогнеме побрзо и полесно да излезат од сиромаштија“, вели премиерот Зоран Заев.

Со последната корекција нагоре, социјалната помош на четириричлено семејство, со едно работонеспособно лице ќе добива 11.700 денари, а семејство со двајца возрасни и две деца 10.600 денари

Премиерот Зоран Заев вчера најави дека и годинава ќе се зголеми минималната плата од сегашните 12.000 денари, со што ќе се овозможи да се дојде до просечна плата од 500 евра.

Тоа би се остварило до крајот на мандатот на оваа влада, рече премиерот.

SHARE

Оставете Коментар