Министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи од собраниската говорница со кратка, но јасна порака до техничкиот премиер Оливер Спасовски и другите што побараа нејзина смена поради користењето на името Република Македонија.

„Никогаш не сум прекршила ни Устав, ни закон. Баба ми била член на партизански одреди за слободата на Република Македонија. Јас сум Рашела Мизрахи, горда Еврејка од Македонија! Благодарам“, порача првата Еврејка член на македонска Влада.

SHARE