Нина Ангеловска, претходната министерка за финансии, ги повлекла своите лични пари од Еуростандард банка пред нејзиното затворање, но ги оставила депозитите на Министерството за финансии во висина од речиси 40 илјади евра, кои се сега дел од стечајната маса на пропаднатата банка со голема веројатност никогаш и да не се вратат поради огромниот грабеж на депозити што е направен во банката, се вели во соопштението на Здружението оштетени штедачи, објави МКД.МК.

Според оштетените штедачи од Еуростандард банка, овој чин покажува дека, како неодговорно и несовесно, Нина Ангеловска се грижела само и исклучиво за својот личен интерес, но не и за јавниот интерес за којшто таа била поставена и одговорна да се грижи, а за што била и скапо платена од наши пари.

повеќе

SHARE