Бугарската министерка за правда, Цецка Цачева, поднесе оставка откако медиуми објавија дека таа и уште тројца други функционери од владејачката партија ГЕРБ купување луксузни станови под пазарни цени, соопшти владата.

Цачева, тврди дека таа не направила ништо погрешно и побара комисијата за спречување на корупцијата да го испита купувањето на луксузни апартмани во Софија минатата година.

Цачева пподнела оставка зашто не сакала“ да влијае врз работата на Владата“, се вели во соопштението на владата.

Бирото за борба против корупцијата во петокот започна истрага за станови купени од истата градежна компанија.

Станот на Цачева е 200 квадратни метри во престижен дел од Софија.