Министерот Чулев против уште еден викенд под карантин

„Мојот став е ограничувањето на движење од 58 часа не е добро, од причина што граѓаните се под притисок, бидејќи овие мерки траат веќе повеќе од два и пол месеци“, изјави министерот за внатрешни работи Наќе Чулев за Сител.

Тој утрово го кажал својот став на седница на главниот Координативен кризен штаб, на која биле дискутирани предлозите на Комисијата за заразни болести, која вчера испрати до владата предлог за 58 часовен карантин, односно полициски час од сабота од 19 часот до вторник до 05 часот.

Чулев смета дека е потребно да им се даде време на граѓаните да ги извршат своите приватни обврски во текот на викендот.

SHARE