Министерот Димитров го обвини ексшефот, Милошоски побара службена белешка

Шефот на дипломатијата Никола Димитров го обвини својот некогашен шеф дека лаже за содржината на разговорите во Вашингтон.

“Иако повеќе би сакал да се бавам со тоа што е суштинско, поради важноста во овој момент да не се остави ниту една нерасчистена дамка, и само поради тоа, потребно е да укажам на следново:

Статусот на пратеникот Антонио Милошоски за содржината на мојот разговор со Државниот секретар на САД Мајкл Р. Помпео, е груба политичка манипулација и безобразен школски пример за создавање лажни вести”, објави Димитров.

Милошоски кој заедно со Министерот Димитров во 2009 заедно се бореа против Грција во Хаг веднаш одговори.

“Има еден начин да се потврди кој политички манипулира, а тоа е да се објави белешката водена за време на средбата со Д.Сек Помпео, која белешка е архивирана во Министерството за надворешни. Ако Министерот лаже, белешката не лаже!

ПС. А за школските примери за лажни вести засега без конкуренција е онаа кога Министерот Димитров изиграваше фотограф на Заев при ракувањето од 2 секунди со Трамп, а во јавноста лажно објави дека имале средба и разговор за важни теми. Мизерија!”, му порача Милошоски на Димитров.

По оваа порака Димитров запре со преписката.

Двајцата пред еден месец влегоа во клинч откако Димитров одби во комисијата за надворешна политика на Собранието каде претседава Милошоски, да бидат дистрибуирани записниците од средбите на државниот врв за разговорите со Грција.

Што напиша Милошоски за средбата во Вашингтон.

Милошоски: Димитров не верува во успешен референдум