Министерот Димитров ја прозва ЕУ на тест во март

„За да може да се продолжи да се говори за европската перспектива на регионот, неопходно е постигнување консензус за зелено светло за почеток на пристапни преговори со с.Македонија без одлагање.

Март ќе биде тест и за геополитичките амбиции на новата Комисија и на самата ЕУ за кредибилно глобално влијание“, рече МНР Никола Димитров на конференција на шефови на дипломатии од ЕУ и Западен Балкан во Солун.

Како што пренесе Радио слободна Европа, од Конференцијата „Од Солун до Загреб“ произлегла и заедничка изјава, во која се изразува очекување дека согласно препораките на Европската комисија, ЕУ ќе донесе одлука за отворање на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија пред Самитот во Загреб во мај 2020 година.

SHARE