Министерот Спасовски стекна сериозен непријател

Мајка која што вчера го однесла детенцето на роденден во скопската населба Капиштец е казнета со драконска казна затоа што за неколку сантиметри нагазила на пешачки премин.

Таа сега му ветува дека ќе започне лична кампања против министерот Спасовски во трката за претседател ако тој биде кандидат.

“180 евра казна за погрешно паркирање во Капиштец на спореден пешачки со малку од задната гума… ПЛУС 2500 ден ПОЦ лежарина. Оливер Спасовски еден глас помалку за Претседател, ако не и 10тина, а ќе работам да бидат 100тина.. 14 000 полицајци не ги намали, а ни казните.. Барем гледајте дека има седиште за мало дете… На роденден бевме”, пишува разочараната мајка која ќе треба да плати 60 % од просечна македонска плата затоа што направила минимален прекршок.

Казнетата е самохрана мајка и учесник во шарената револуција.

Во исто време низ Македонија се движат небезбедни или сомнително регистрирани возила, во делови на Скопје возилата се паркираат на тротоари а граѓани напаѓаат сообраќајци без за тоа воопшто да бидат казнети.

SHARE

1 Коментар

Comments are closed.