,,Министерот за одбрана” ја доби битката против “Земјата на изгрејсонцето”

“Министерот за одбрана” Борко Ристевски со 20 одбрани беше јунак во првата битка на македонските ракометари на глобалниот ракометен собир.

Македонија тргна со лесна победа (37:28) против Јапонија во првото коло во групата Б на 26. Светско првенство за ракометари во Германија и во Данска.

Освен водството на Јапонците од 4:3, избраниците на селекторот Раул Гонзалес доминираа во текот на целиот меч против домаќинот на Олимписките игри во 2020 година.

Капитенот Кирил Лазаров беше најефикасен а одлични беа и Манасков, Пешевски и Талевски.

SHARE