Министерката Ангеловска ќе одлучува за можен криминал на Нина Групер

Мега скандал открива документот кој свиркачи од Министерството за финансии го доставиле до редакцијата на „Економски Лидер“.

Според документот министерката Нина Ангеловска ќе одлучува дали таа самата направила проневера преку нејзината компанија „Групер“ со тоа што незаконски организирала игра на среќа.

Според документот постојат сериозни индиции дека сегашната министерка, како директорка и сопственичка на „Групер“, сторила сериозно кривично дело, за кое е предвидена висока затворска казна.

На 15 јули годинава завршила наградната игра „VIP Гурмани 2019“ на компанијата „Групер“ која е во сопственост на министерката за финансии. Во оваа наградна игра, добитниците биле испраќани во хотели во земјава и странство и им биле доделувани предмети за домаќинство и бела техника.

Свиркачите од министерството доставиле „Преставка за поведување прекршочна постапка и преземање на соодветни мерки“, затоа што наградната игра на „Групер“, била спроведена спротивно на законската регулатива во земјава за одржување на наградни игри.

Според законот во Македонија, организаторот мора да има лиценца за по законски утврдени правила да организира игра на среќа – независно од тоа дали организирањето на игри на среќа е примарна дејност на компанијата.

Сите информации на овој линк

SHARE