Историчарот Михајло Миноски, експерт за политиката на големите сили и на соседните балкански држави спрема Македонија во текот на 19. и 20. век и за борбата на македонскиот народ за национално ослободување и за независна држава, со јасен став за Гоце Делчев.

„Тој е втемелувачот на македонизмот, на сето она што е македонско. По Гоце Делчев и другите војводи од илинденскиот период во Втората светска војна ги именувале одредите. Како велеше Гоце: ‘Нема катче на Македонија каде што ја нема револуционерната организација’. Цели села во Македонија масовно ѝ пристапувале токму поради него. Да го обединиш тој народ тогаш… а погледнете сега колку сме обединети“, изјави универзитетскиот професор во пензија во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа ТВ.



SHARE