Мирка Гинова доби спомен-биста во Велес

Велешкото здружение на Македонците од Егејска Македонија „Ѕвезда“ денеска во Велес откри спомен бистата на Мирка Гинова, учителка, македонска хероина и борец за рамноправноста на Македонците и Грците во Грција што е поставена врз Спомен плочата на загинатите македонски борци од Егејот во граѓанската војна во Грциј.

Мирка Гинова била стрелана на денешен ден – 26 јули 1946 година, а со поставувањето на бистата беа одбележани и 103 години од нејзиното раѓање и 70 години од завршувањето на Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година.

За делото и херојскиот пат на Мирка Гинова реферат пред присутните одржа проф. д-р Ѓорѓи Малковски кој информира дека вината на Мирка Гинова, била нејзината борба за, како што самата кажала со своите последни зборови на судењето, „еден ден Грција да стане слободна татковина за сите Грци и Македонци“. (Извор: Локално)

SHARE