Новинарот и уредник во ТВ 24, Мишко Иванов, се повлече од уредувачката позиција откако медиуми објавија дека неговата сопруга, Тања Стојановска, ја прифатила функцијата како член на Извршниот одбор на СДСМ.

Иванов, кој е и член на Управниот одбор на Здружението на новинари на Македонија, вели дека се решил на овој чекор бидејќи не сака да го нарушаи угледот на телевизјата.

„Мојот морален и етички моментум не ми дозволува да бидам уредник на Дневник или пак да водат политички и економски дебати. Останувам во ТВ 24 и фокусот го насочувам исклучиво кон моето милениче „Патот до Успехот“, емисија наградувана, гледана и респектирана, што ми е посебна сатисфакција“, напиша Иванов на својот фејсбук профил на кој им се обрати на почитуваните пријатели и непријатели.

SHARE