Мисовски дојде со камен на Комисија, прекината седницата

Потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски, на денешната расправа на Комисијата за мандатно имунитетни прашања која одлучува за пратеничкиот имунитет на  Трајко Вељаноски, дојде со камен во големина на тупаница.

Тој рече дека тоа бил „сувенир“ од нападот на Собранието на 27 април 2017, пренесува „Сакам да кажам“.

Кога го подигнал и му кажал на Вељаноски дека тој камен бил фрлен кон него и да не го промашил, ќе бил убиен, изреагиаа пратеничките Ане Лашкоска и Невенка Стаменковска дека замавнува кон нив.

Ова беше причина претседателот на Комисијата Павле Богоевски даде пауза.