Мистерија: Нема траги од Марија која исчезна пред еден месец

Пред точно еден месец исчезна Марија Брзакова(28) од струмичкото село Босилово, но досега нема никакви траги кои би помогнале во расчистување на мистериозното исчезнување на 18 јануари.

„Се преземаат сите дејствија и се уште се врши потрага по лицето“, велат од Обвинителството за „Фактор“.

Пред десетина дена Министерството за внатрешни работи ја стави Марија Брзакова на списокот на исчезнати лица. 

Покрај МВР, во потрагата се вклучија и специјални тимови, граѓани доброволци, кои ја бараа дури до бугарската граница, но безуспешно.