Мистериозна порака на “Стори” откри сомнителни активности на Заев (ФОТО)

Нејасна порака објавена најверојатно по грешка од лидерот на СДСМ Зоран Заев предизвика силни реакции на социјалните мрежи откако тој објави дека запрел наплата на некаква државна или општинска такса и извадил некакви табли.

“Само да знаете, дека е постапно.. Таксата за наплата е стопирана и таблите се одстранети”, пишува во пораката што најверојатно по грешка екс премиерот ја објавил на социјалната мрежа WhatsApp.

Пораката им се појавила на сите корисници на “ВацАп” кои што го имале неговиот контакт преку алатката “Стори” (Story) по што водејќи се од јавниот интерес некои од нив ја објавија и таа денеска стана вирална.

Како може Заев да запира наплата на такса од позиција на партиски лидер е едно од прашањата на кои тој ќе мора да одговори наскоро исто како што ќе треба да каже кои се отстранетите табли за кои несакајќи јавно објавил информација.

SHARE