Рашела Мизрахи, која вчера владеачкото мнозинство во Собранието ја разреши од техничка министерка за труд и социјална политика поради употребата на името Република Македонија, со порака до својата ќеркичка.

„Моја Рина, Македонија е наше дома повеќе од петстотини години. Срцето ни е тука!“, напиша на Фејсбук првата Еврејка член на македонската Влада покрај фотографијата со својата ќерка.

Мизрахи ги освои срцата на Македонците со употребата на таблата со Република Македонија на своите прес-конференции, поради која реагираше Грција, а техничкиот премиер Оливер Спасовски побара и доби нејзина смена од функцијата.

SHARE