Мизрахи не ја есапи „Северна“, на прес пред табла со Република Македонија

Освен на својот профил на Фејсбук, министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи и на прес-конференциите користи натпис „Република Македонија, Министерство за труд и социјална политика“ на македонски и на англиски јазик, игнорирајќи ја „Северна“.

Така беше и на денешната средба со новинарите во Министерството, на која информира дека до Владата доставила информација за вработување лица кои до 18-годишна возраст имале статус на деца без родители и родителска грижа и побарала согласност тие да бидат вработени согласно Д-10 Програмата, усвоена во 2013 година, а која, како што рече, од неразбирливи причини била стопирана од претходната министерка Мила Царовска.

SHARE