Мизрахи: Не сум виновна за ништо

„Не очекувам да бидам разрешена, не направив ништо и не сум виновна за ништо.

Министерката за труд и социјална политика вели дека ќе ја почитува одлуката на пратениците каква и да е по најавата дека ќе биде разрешена, „бидејќи тие ме назначиле, тие можат и да ме разрешат“. 

Техничкиот премиер Оливер Спасовски поднесе барање за разрешување на министерка Мизрахи, поради то што држела прес- конференција пред табла во Министерството на која го пишува името Република Македонија.

Но, заменикот МНР Андреј Жерновски вчера во гостување во „Код“ на „Телма“ , призна дека не мора да се менуваат таблите Република Македонија, но и дека тој стои на ставот дека Мизрахи треба да добие кривична.

„Министерството и пред мене било предупредено дека не била сменета таблата, но и во Буџетот за 2020 година не е предвидена таква набавка. Јас не сум одговорна за неспроведување на законот на мојата претходничка“, изјави Мизрахи за „Телма“.

За разрешувањето на Мизрахи се потребни гласовите на 61 пратеник.

SHARE