Мизрахи за специјалниот завод „Демир капија“: Ужас (ГАЛЕРИЈА)

Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи на Фејсбук сподели фотографии од посетата на Јавната установа ,Специјален завод – Демир Капија”.


„За хуманоста во условите во коишто престојуваат овие корисници не можам да зборувам. Овие услови се нехумани, нечовечни. Ова е чист ужас. Од најавените поправки на Специјалниот завод можеме да најдеме исфарбани ѕидови, додека водоводната и електрична инсталација е сѐ уште онаа од 56-та односно 58-ма година.

Условите за хигиена се никакви, луѓето се препуштени сами на себе. Од помпезните најави можам да го кажам следново: на почетокот на владеењето на Социјалдемократскиот сојуз оваа установа имала 227 корисници со 41 неговател. Тоа значи еден неговател секој ден се грижел за 6 корисници. Мисијата е невозможна. На еден корисник треба да има еден неговател“, напиша Рашела Мизрахи на Фејсбук.

SHARE