„Пред 28 години, со големи напори на групата ентузијасти, Македонци од Риека, основано е Македонското културно друштво ‘Илинден’. Имав чест да учествувам како македонски професор на Педагошкиот факултет во тоа време, што е големо задоволство за мене денес“ – пишува на својот Фејбук профил почесниот македонски конзул во Хрватска, Горан Калоѓера.

Македонското културно друштво е основано на 13 јануари 1991 година, а целта беше да се сочува македонската култура, јазик и традиција.

Името „Илинден“ беше избрана како основа за поврзување на Македонците во Риека, бидејќи носи историско, верско и судбинско значење, а со тоа ги поврзува Македонците од сите делови на Македонија во мултикултурниот град  Риека.

„Моите честитки до Друштвото, основачите и сите генерации на помлади Македонци и Македонци кои успеаја да го задржат МКД ‘Илинден’ и да ја направат препознатлива институција во мултиетничка Ријека“, пишува Калоѓера.

SHARE