МКД.мк: Лични документи со „Северна“ од септември

Нови лични документи за македонските граѓани со името Република Северна Македонија ќе почнат да се издаваат од септември годинава.

Извори од МВР за МКД.мк информираат дека на 5 декември лани била склучена Рамковна спогодба, а една недела подоцна, на 11 декември и Договор нарачка склучен меѓу Министерството за внатрешни работи и Veridos GmBH Berlin – Германија за испорака на обрасци за лични документи.

До септември, кога ќе почне издавањето на лични документи со новото уставно име, граѓаните ќе добиваат документи со Република Македонија кои ќе треба да се заменат најдоцна до 2024 година, наместо важноста од 10 години.

Повеќе

SHARE