МКД.мк: Полицајците и командирот што го малтретирале разузнавачот Алексовски ќе одговараат

Полицајците Н.А. и Х.И. како и началникот М.А. ги пречекориле полициските овластувања во случајот со разузнавачот Синиша Алексовски кој бил осомничен дека неовластено ја снима колоната возила во која бил и претседателот на Собранието Талат Џафери, пишува во извештајот на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди (ОВККПС) објави порталот мкд.мк.

Полицајците, според извештајот, го прекршиле законот во постапувањето со Алексовски.

Одделот за внатрешна контрола овој извештај го изготвила по претставката поднесена од Синиша Алексовски. Во извештајот се констатира пречекорување на полициските овластувања и се бара спроведување на постапка за дисциплинска одговорност, а известување ќе поднесе и до одделението за гонење на кривични дела сторени од полициски службеници во Јавното обвинителство.

Констатирано било дека полицајците Н.А. и Х.И. постапиле спротивно на правилата и прописите, односно спротивно на член 11 став 1 алинеа 1 од Правилникот за работите на обезбедување на личности и внатрешно обезбедување на личности и внатрешно обезбедување на објекти. Едниот од нив, исто така, постапил и спротивно на член 3 од Правилникот за начинот на вршење на полициските работи. Воедно било констатирано дека раководниот работник (М.А.) при ОЗОЛО иако бил запознат за преземените мерки на двајцата полициски службеници во врска со неовластено снимање, одлучил да не подготви поднесок со што постапил спротивно на член 11, став 2 од Правилникот за начинот на вршење на полициските работи, објави мкд.мк.

На 4 мај Синиша Алексовски, поранешен вработен во Агенцијата за разузнавање и поранешен советник во кабинетот на експретседателот Ѓорге Иванов, два часа бил задржан во полициската станица Центар заради неовластено снимање на возило на државен функционер. Настанот се случил на 27 март, кога претседателот на Собранието Талат Џафери во службен автомобил поминувал покрај Порта Македонија.

Се работи за класична конструкција на случај, дискредитација и градење на негативна слика во општеството, организирано од структури во МВР и новинари, изјави откога излезе од полициската станица Алексовски.

Целиот текст на мкд.мк

SHARE