МКД: Уставен суд осум години молчи за преименувањето на училиштата во Чаир


Иницијативата за оценка на уставноста на преименувањето на четирите училишта во Чаир, 8 години е „во фиока“ во Уставен суд, пишува МКД.Мк. 

Судот нема образложение зошто откако еднаш судијата известител Јован Јосифовски ја повлече од дневен ред во 2014та повторно не ја стави на маса.

Дали ќе се најде на дневен ред зависи од претседателот на судот, во случајот Сали Мурати, и судијата известител, брифираат извори од Уставен за МКД.мк

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев прво излезе со оценка дека преименувањето било незаконско, но веќе вчера го смени ставот.

„Можност, преименувањето да се ревидира ќе има само во случај ако Уставниот суд ја разгледа и ја прифати иницијативата од Инспекторатот за локална самоуправа уште во 2012 година, со која се бара толкување – дали е потребен Бадентер при гласање за промена на имињата“, пишува МКД.мк.