ММДЧП бара Кина и Русија да стават вето на промена на името во ОН

По средби со руски и кинески претставници, Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права испратило писма до рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и до кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји, во кои се повикуваат двете земји, како членки на Советот за Безбедност на Обединетите Нации да:

1. Поднесат барање до Обединетите Нации со кое ќе се побара ОН да ја почитува својата Повелба и владеењето на правото, и веднаш да и дозволи на Република Македонија да биде примена под своето вистинско име, и со тоа трајно да се стави крај на сите обиди за негово менување, и

2. Недвосмислено да повикаат да се стави крај на принудното и илегално спроведување на Преспанскиот договор и да стават вето на било каква промена на македонското име и идентитет.

ММДЧП бара поддршка за да се одбрани правото на самоопределување, и појаснува дека западните империјалистички цели за проширување на НАТО со нови членки – при што на Грција и се помага во нејзинАта цел да се избрише македонската нација – мора да бидат итно спречени.

“Во дискусиите на ММДЧП со претседателот Ѓорге Иванов и со неговите советници за надворешна политика, ММДЧП, заедно со нашите партнери во борбата за одбрана на Македонија, ги подвлекуваме барањата претседателот да преземе итни мерки со кои ќе се помогнат погоре наведените акции и да поднесе негово барање до ОН, како претседател на Република Македонија”, се вели во соопштението на ММДЧП во кое ги повикува сите земји – членки на ОН да ја почитуваат Повелбата на ОН и притоа да ги почитуваат и бранат правата на #Македонија и на македонскиот народ.

— Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации: 1-416-850-7125, info@mhrmi.org, www.mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook.com/mhrmi, instagram.com/MacedonianHumanRights, mhrmi.org/OurNameIsMacedonia #НашетоИмеЕМакедонија