ММДЧП: Контрола на медиумите во Молдавија, споредба со Македонија

Истите центри кои ги контролираат медиумите во Македонија имаат монопол врз вестите и во земји како Молдавија, пишува во своето соопштение за јавност Македонското меѓународно движење за човекови права од Канада.

Целото соопштение во продолжение:

На познавачите на состојбите во Македонија веќе одамна им е јасно дека голем дел од медиумите се финансирани од надвор, пред се од американската Влада и од групи како таа на Џорџ Сорос, се со цел да се исполнат американските надворешно-политички цели во Македонија. Медиуми наменски создадени и богато финансирани од проекти на УСАИД, американската амбасада во Македонија, разни ЕУ програми, па дури и земји како Катар преку Ал Џезира, координирано промовираа политики чија цел е да се смени името на Македонија, да се смени знаењето на зборот „Македонец“ и Македонија да престане да биде фактор во регионот и суверена држава.

Но, слични процеси се случуваат и во други држави. Изворите на финансирање, темите кои се промовираат, мешањето во внатрешните политички прашања.. многу држави низ светот, особено помали држави кои се наоѓаат во поделена зона на влијание и околу кои спорат големи сили, имаат зачудувачки слични искуства со Македонија. Една од нив е Молдавија, како што дознаваме од репортажата на новинарот Сам Урсу.

Урсу ги претстави водечките медиуми кои влијаат на обликувањето на јавното мислење во малата држава, но за читател од Македонија, неговиот текст може веднаш да се употреби и за македонските медиуми, само со менување на имињата на државите.

– Ако погледнеме дека Романија и Молдавија делат ист службен јазик, би помислиле дека ќе има многу поврзаност меѓу медиумите на двете земји. Но, не е така. Романската јавна телевизија не емитува во Молдавија, романските весници не се продаваат во Молдавија, а во романските медиуми ретко се покриваат теми поврзани со Молдавија. Огромно мнозинство од жителите на Молдавија зборуваат руски, и добиваат вести од руски медиуми, поради што би помислиле дека барем руската држава е ангажирана да произведува вести за Молдавија. Но, и тоа не е точно. Интернет страницата на Спутник генерира вести на руски и романски за Молдавија, и таа е во сопственост на руската Влада, но тоа е горе-долу се, пишува Урсу.

Тогаш кој е ангажиран во обликувањето на молдавската медиумска сцена? Урсу нуди детален одговор, а контактите на медиумите сите водат до едно исто место. „САД се главен патрон на медиумите во Молдавија“, вели тој.

– Ако читате вести на англиски јазик за Молдавија, големи се шансите тие да бидат објавени од Балкан Инсајт, кој е финансиран од конзорциум на влади и невладини организации како што се британската Влада, Германскиот Маршалов Фонд, ЕУ, Холандија, а неговиот издавач БИРН добива значителни финансиски средства од САД, кои се и главен финансиер на Германскиот Маршалов Фонд.

– Moldova.org е другиот голем играч во ширење на вести на англиски јазик за Молдавија, и има големо присуство на социјалните мрежи. Оваа страница е базирана во Вашингтон, и е финансирана од американската амбасада во Молдавија и од НЕД (Националната фондација за демократија на САД).

– Промо-ЛЕКС објавува вести на романски јазик, но со доста материјал на англиски, и е финансирана од фондацијата на Џорџ Сорос, Шведска, Германскиот Маршалов Фонд (ГМФ), британската Влада, ЕУ и секако, САД, преку неколку американски агенции.

– Центарот за независно новинарство е финансиран од ГМФ, Британија, ЕУ, САД и фондацијата на Сорос.

– Радио Слободна Европа е државен америакнски медиум. Тие ја запреа својата програма на романски во 2008 година, но се уште се емитуваат во Молдавија.

– OCCRP известува за настани низ целиот свет, а се финансира од швајцарско-романската програма за соработка, фондацијата на Сорос и Владата на САД. Тие се поврзани и со Белингкет, која е изразено анти-руска мрежа, а добиваат фондации и од УСАИД. Влади кои ќе паднат во немилост на САД набргу се соочуваат со критики од оваа агенција.

– Глобалната мрежа за истражувачко новинарство GIJN исто така го покрива целиот свет, на осум различни јазици, се уредува од САД, а ја финансира фондацијата на Сорос, заедно со Гугл и неколку американски аналитички центри.

– SEE Times е медиум кој го покрива Балканот, а е финансиран од американската армија.

– Во Молдавија дејствува и LCRM мрежата за правни ресурси која дава правни анализи на романски и на англиски јазик за настани во Молдавија. Ја финансираат Сорос, холандската Влада, шведската Влада, ЕУ и секако американската Влада.

– Moldova Azi известува на романски, руски и на англиски, со главен фокус на Молдавија, а се финансира од американската и холандската Влада.

– САД и УСАИД, преку групата FHI 360, ја финансираат програмата за „разоткривање на лажни вести“ наречена StopFals, која работи на руски и на романски.

– Американските партиски институти ИРИ и НДИ водат програми за борба против „руската мека моќ и пропаганда“ во Молдавија, кои исто така влијаат на обликување на јавното мислење.

– Транспарентност Интернешнл, организација финансирана од САД преку НЕД, Германија, ЕУ, Швајцарија, Шведска и Холандија исто така подготвува извештаи кои се многу цитирани во медиумите во Молдавија.

Ова е само дел од листата подготвена од Урсу . Американскиот новинар проценува дека само во 2018 година, американската агенција УСАИД потрошила 17,4 милиони долари во Молдавија, а други американски агенции поделиле уште девет милиони, од што голем дел оди на влијаење врз јавното мислење. Други големи извори на финансии, со силно анти-руски и про-американски позиции се Атланскиот Совет на САД, фондацијата Џејмстаун, фондацијата Карнеги, а слични позиции држи и ЕУ преку Европската фондација за демократија која е пандан на НЕД. И секако, тука е Џорџ Сорос.

– Фондацијата на Сорос беше фатена жива како го крши законот и се обидува да ја преземе контролата врз Молдавија преку сомнителни извори на финансии за молдавските аналитички центри. Оваа фондација тесно ги координира своите активности со Владата на САД и со ЕУ и многу инвестира во развој на „независно“ новинарство во Молдавија, пишува Урсу, потсетувајќи дека во 2014 година Сорос лажно прогнозираше дека Русија подготвува инвазија на Трансњистрија.

– Дури и ако не сте слушнале за сите овие медиуми наведени денес, знајте дека тие се многу активни. Секоја недела, секој месец, со години, тие ја вртат истата плоча. И така, најголем дел од сите вести кои ќе ги слушнете од Молдавија се помалку или повеќе платена пропаганда, заклучува Урсу.

SHARE